Унгарска полиција ќе патролира на македонско-грчката граница

Началничката на Одделението за протокoларни работи при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Наталија Спирова Кордиќ, за АА потврди дека "на граничниот премин Табановце сe чека во секој момент да пристигнаат полицајците од Унгарија".

 СКОПЈЕ (АА) - Унгарија денес испрати 31 полицаец, кои ќе пружат помош на своите колеги во Македонија во спроведувањето поголема контрола на границата со Грција, со цел да ја задржат контролата над можниот бран на мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Началничката на Одделението за протоколарни работи при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Наталија Спирова Кордиќ, за  АА потврди дека "на граничниот премин Табановце се чека во секој момент да пристигнаат полицајците од Унгарија, кои во иднина ќе патролираат заедно со нашите официјални лица на границата Македонија - Грција"

 "За утре во 10:00 часот на граничниот премин со Грција ќе се организира состанок-конференција со цел унгарските полицајци да се запознаат со моменталната состојба на теренот и со активностите кои ќе ги преземат заедно со своите колеги од Македонија" - рече таа, и додаде дека една од задачите на унгарската полиција е засилен надзор на границата со Грција, додека полициските патроли ќе бидат мешани.