свет, Џамал Кашоги

Сѐ погласни барањата ЦИА да го објави извештајот за убиството на Кашоги

Поединци и групи од новиот состав на Конгресот и невладините организации сѐ погласно ја повикуваат администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за јавноста да објави извештај за разузнавачките сознанија поврзани со убиството

Dildar Baykan  | 15.01.2019 - Обновена : 16.01.2019
Сѐ погласни барањата ЦИА да го објави извештајот за убиството на Кашоги

New York

ЊУЈОРК (АА) - Американскиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post) објави колумна во која се наведува дека сѐ поинтензивни се барањата за Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да го објави извештајот за убиството на новинарот Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).

Авторот на колумната, Џош Рогин, наведува дека поединци и групи од новиот состав на Конгресот и невладините организации сѐ погласно ја повикуваат администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за јавноста да објави извештај за разузнавачките сознанија поврзани со убиството кое пред повеќе од 100 дена се случи во саудискиот Конзулат во Истанбул.

Во текстот се потсетува дека Трамп во ноември минатата година изјавил дека не сака да го изгуби американско-саудискиот договор за трговија со оружје, без оглед што постои можност дека саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман да знаел за тоа убиство.

„Администрацијата на Трамп го штити принцот Бин Селман на начин што го негира извештајот на ЦИА, која тврди дека токму принцот бил налогодавач на убиството на Кашоги“, се наведува во текстот на „Вашингтон пост“.

Во продолжението на текстот се наведува и претходната изјава на американскиот државен секретар Мајк Помпео кој рече дека тој заклучок на ЦИА е погрешен и дека не постојат конкретни докази дека принцот Бин Селман бил вмешан во убиството на Кашоги.

„Постојат сѐ повеќе барања ЦИА да го објави тој извештај и да открие дали постојат докази за вмешаноста на Бин Селман во убиството и дали секретарот Помпео ја зборува вистината“, се наведува во колумната.

Авторот на колумната, Рогин, понатаму наведува дека невладината организација „Open Society Justice Initiative“, повикувајќи се на Законот за слобода на пристап на информации, минатата недела во Њујорк подигнала обвинение против ЦИА, Агенцијата за национална безбедност, Пентагон и Дирекцијата за разузнавачки работи.

И оваа организација ја повикува ЦИА да објави извештај за убиството на Кашоги.

Минатата недела е одржана и комеморација за убиениот новинар Кашоги во американскиот Конгрес, а челничката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси и конгресменот Том Малиновски, изјавија дека ќе останат истрајни во барањата убиството да се расветли и одговорните да се процесуираат.

Авторот на текстот понатаму наведува дека е јасно дека шефот на американската дипломатија, Помпео, не ги прифаќа заклучоците на ЦИА и дека извршната власт нема намера да работи на разветлување на убиството. Додава и тоа дека законодавната и судската власт се принудени на преземање чекори во потрага по правда.

Џамал Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“, убиен е на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.

Турското Обвинителство откри дека тој бил брутално задавен по влегувањето во Конзулатот и дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.

Властите на Саудиска Арабија дополнително признаа дека Кашоги е убиен, а не дека го напуштил Конзулатот, како што првично тврдеа.

Властите во Саудиска Арабија подигнаа обвинение против 11 осомничени лица за ова убиство, а тамошното Обвинителство бара изрекување на смртни казни за петмина првообвинети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın