свет, Џамал Кашоги

„Трамп ја рехабилитира Саудиска Арабија од бруталното убиство на Кашоги“

„Испратена е јасна и опасна порака до тираните во светот: Ставете доволно пари пред американскиот претседател, и едно убиство во вистинска смисла на зборот, ќе остане неказнето“, напиша извршниот директор и колумнист на „Вашингтон пост“

Kasım İleri  | 22.11.2018 - Обновена : 23.11.2018
„Трамп ја рехабилитира Саудиска Арабија од бруталното убиство на Кашоги“

Washington

ВАШИНГТОН (АА) – Колумнистот и извршен директор на „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Фред Рајан, за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со Саудиска Арабија, истакна: „Испратена е јасна и опасна порака до тираните во светот: Ставете доволно пари пред американскиот претседател, и едно убиство во вистинска смисла на зборот, ќе остане неказнето“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Рајан, изјавата на Трамп од претходниот ден ја опишува како „чудна, погрешна и бесмислена“. Во неговата статија објавена во „Вашингтон пост“ вели: „Трамп ја рехабилитира Саудиска Арабија од бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги.“

- „Испратена е јасна и опасна порака до тираните во светот“

Според Рајан, Трамп го оцрнува Кашоги, етикетирајќи го како „непријател на државата на Саудијците“, и притоа проценува дека американскиот претседател со ваквата изјава дал јасна порака до светот дека нема да го жртвува односот со 33-годишниот саудуски принц Мухамед бин Селман поради убиството на Кашоги.

Рајан посочи дека изјавата на Трамп за Саудиска Арабија не ги заштитува американските интереси, туку напротив, ги изневерува интересите на државата. „Испратена е јасна и опасна порака до тираните во светот: Ставете доволно пари пред американскиот претседател, и едно убиство во вистинска смисла на зборот, ќе остане неказнето“, истакнува Рајан.

- „Спроведувањето двојни стандарди не го прави светот побезбеден“

Рајан во статијата се осврнува на безбедноста на која потенцира Трамп, и додава:

„Дипломатија која спроведува двоен стандард и која се откажува од нашите вредности за сите тие што даваат доволно пари за да ни го купат оружјето, не го прави светот побезбедно место за живеење“, рече Рајан.

Рајан наведува дека саудискиот престолонаследник, принцот Бин Селман предизвикал големи масакри, додавајќи дека доколку тие масакри беа спроведени од други држави, САД остро ќе реагираа.

Колумнистот на „Вашингтон пост“ потсетува дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во текот на деталната истрага утврди дека „Наредбата за убиството на Кашоги е дадена од принцот престолонаследник“.

„Ако постои причина да се занемарат наодите на ЦИА, претседателот (Доналд Трамп) треба веднаш тоа да го сподели со јавноста. Ако нема докази во таа насока и ако се земе предвид дека лидерството на Трамп е неуспешно, бранејќи ги светите вредности и постојаните интереси на САД, треба да се даде приоритет на државата“, рече Рајан. 

- Изјавата на Трамп за Кашоги која предизвика реакции

Од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, досега, Трамп ја поддржува саудиската власт. Тој завчера објави писмена изјава во која вели дека односите со Саудиска Арабија ќе продолжат.

„Помеѓу членовите на Конгресот, од политички или од други причини, има лица со различна ориентација...Ќе ги разгледам сите идеи сѐ додека се во согласност со американската безбедност“, коментираше Трамп во изјавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın