Турција

Ѓул: „Откриен нов важен доказ за директната поврзаност на ФЕТО со обидот за пуч“

„Се работи за доказ за директна поврзаност на ФЕТО со обидот за пуч, што ги поткрепува сите претходни докази...“

Feride Pelin İnal  | 20.07.2018 - Обновена : 20.07.2018
Ѓул: „Откриен нов важен доказ за директната поврзаност на ФЕТО со обидот за пуч“

Gaziantep

ГАЗИАНТЕП (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Абдулхамит Ѓул, порача дека во периодот по неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, до денес, завршени се речиси две третини од судските процеси против припадниците на ФЕТО, и дека се предвидува оти сите процеси ќе бидат завршени до крајот на годината, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот Ѓул престојуваше во турскиот град Газиантеп, а во оваа пригода, одговарајќи на прашањата на новинарите, се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО. „По обидот за пуч на 15 јули, завршени се речиси две третини од процесуирањето на припадниците на ФЕТО. Предвидуваме дека сите процеси ќе бидат завршени до крајот на годината. Тука зборуваме за над 2.000 осудени лица на казни доживотен отежнат затвор и други повеќегодишни затворски казни. Тука се секако и ослободувачките пресуди, сите процеси продолжуваат на праведен начин. Крвта на нашите 251 шехид нема да остане на земјата“, порача Ѓул.

Тој нагласи дека во рамките на борбата против ФЕТО, досега од должност биле разрешени 4.000 судии, и дека со расчистувањето на структурите на ФЕТО, правосудството се враќа во своите рамки.

„Со расчистувањето на структурите на ФЕТО од правосудството, во чии рамки досега од должност се разрешени 4.000 судии, тоа се враќа во своите рамки. Како што Турција се нормализира и се врати во периодот на своето воздигнување, и правосудството на ист начин ќе се врати во своите рамки и ќе биде засновано на правда. Во правосудството тоа веќе го почувствувавме, нашите граѓани можат тоа да го почувствуваат“, изјави министерот Ѓул.

Toj додаде дека турските истражни органи дошле до нови значајни докази поврзани со ноќта на 15 јули 2016 година, кога припадниците на ФЕТО се обидоа да го извршат пучот.

„Станува збор за податоци од мобилниот телефон на припадник на ФЕТО. Се работи за доказ за директна поврзаност на ФЕТО со обидот за пуч, што ги поткрепува сите претходни докази. Новооткриениот доказ е во рацете на надлежните органи. Вечерва ќе извршам телефонски разговор и со американскиот министер за правда, и целиот процес заеднички ќе го следиме“, рече Ѓул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın