Турција, Џамал Кашоги

Чавушоглу: „Саудиските изјави за Кашоги се незадоволувачки“

„Сметаме дека чекорите се позитивни, но несоодветни“, истакна турскиот министер за надворешни работи

Meryem Göktaş  | 15.11.2018 - Обновена : 15.11.2018
Чавушоглу: „Саудиските изјави за Кашоги се незадоволувачки“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција не е задоволна со изјавите од страна на Главното јавно обвинителство на Саудиска Арабија во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сакам да кажам дека не сум задоволен со дадените објаснувања од страна на Јавното обвинителство“, изјави Чавушоглу за време на конференцијата одржана во медитеранскиот град Аланија во јужната област Анталија.

„Сметаме дека чекорите се позитивни, но несоодветни“, додаде тој.

Турскиот министер за надворешни работи ги даде неговите забелешки, откако главниот јавен обвинител на Саудиска Арабија објави дека се обвинети 11 од вкупно 21 осомничено лице за поврзаност со убиството на Кашоги.

Чавушоглу ги повика саудиските власти да откријат кој го нарачал убиството на Кашоги, со цел да се затвори процесот за случајот Кашоги.

Турскиот министер за надворешни работи понатаму истакна дека главното прашање кое останува неодговорено е каде е телото на Кашоги, и додаде: „Досега не постои одговор за ова прашање.“

Тој нагласи дека Турција ќе продолжи одблизу да го следи тоа прашање.

На прес-конференцијата одржана во Ријад, јавниот обвинител ја објави неговата намера за повик на смртна казна против секој кој ќе биде откриен дека е виновен или дека го извршил убиството на Кашоги.

Од Канцеларијата на обвинителот, исто така се вели дека го очекуваат одговорот на Турција во врска со барањето за доказите и тонските снимки од злосторството.

Саудискиот новинар Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост“ („The Washington Post“), беше убиен на 2 октомври во просториите на саудискиот Конзулат во Истанбул.

По неколкунеделно негирање каква било вмешаност, Саудиска Арабија призна дека Кашоги бил убиен во Конзулатот, но наведе дека кралското семејство не знаело за заверата за неговото убиство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın