Турција, Операција Извор на мирот

Чавушоглу: „Привременото запирање на операцијата не е примирје"

На состанокот во Анкара е договорено дека турската операција „Извор на мирот" на северот на Сирија ќе биде запрена на 120 часа

Erdoğan Çağatay Zontur, Burak Bir  | 17.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
Чавушоглу: „Привременото запирање на операцијата не е примирје"

АНКАРА (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ќе ја заврши операцијата на северот на Сирија, откако терористите на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).

„Согласни сме во врска со собирањето на тешкото оружје на ЈПГ, уништување на нивните позиции и тврдини", рече Чавушоглу пред новинарите по состанокот на делегациите на САД и Турција во Анкара.

На состанокот во Анкара е договорено дека турската операција „Извор на мирот" на северот на Сирија ќе биде запрена на 120 часа

„Меѓутоа, привременото запирање на операцијата не значи повлекување на нашите војници и нашите сили. Таму и понатаму ќе бидеме, ќе продолжиме да делуваме", рече Чавушоглу, напоменувајќи дека привременото запирање на операцијата не е примирје, бидејќи како што рече, примирје може да се прави само помеѓу две легитимни страни.

Нагласи дека Турција никогаш нема да влегува во било какви преговори со терористите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара го прими потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс. Состанокот на Ердоган и Пенс траеше околу еден час и 40 минути.

На приемот присуствуваше и специјалниот претставник на САД за Сирија, Џемјс Џефри. По приемот одржана е и средба на делегациите на двете земји.

Пенс и државниот секретар на САД, Мајк Помпео денес допатуваа во официјална посета на Република Турција.

Вчера во Турција допатува и советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт О’Брајан, кој се состана со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.

Турските и американските делегации во Анкара денеска разговараа за низа билатерални теми, како и за ситуацијата во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.