Турција

Турција: Уапсени над 20 осомничени припадници на ФЕТО

Осомничените се товарат за користење на апликацијата за шифрирани пораки на организацијата, „БајЛок“, и за вмешаност во активности за обука во терористичката организација

Nilay Kar  | 24.09.2018 - Обновена : 25.09.2018
Турција: Уапсени над 20 осомничени припадници на ФЕТО

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 21 осомничено лице е уапсено во Истанбул поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

„Полицијата ги уапси осомничените откако изврши антитерористички рации на 54 локации во 24 подрачја низ градот“, соопштија денес безбедносни извори кои зборуваа под услов да останат анонимни.

Осомничените се товарат за користење на апликацијата за шифрирани пораки на организацијата, „БајЛок“, и за вмешаност во активности за обука за обука во терористичката организација.

Полицијата, исто така, заплени документи од организацијата и дигитални средства поврзани со ДЕАШ.

Од Канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара, како дел од истрагата за Командата на Турските копнени сили и Командата на Турските поморски сили, се издадени налози за апсење на 61 осомничен припадник на ФЕТО, вклучувајќи и 18 лица во активна служба.

ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, додека речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтирирање во турските институции, особено во Армијата, полицијата и во судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın