Турција

Заедничкиот центар на Турција и Русија во Карабах наскоро започнува со работа

Разговорите за техничките детали во врска со формирањето и одговорностите на Турско-рускиот заеднички центар се завршени и потпишан е договор

Havva Kara Aydın  | 01.12.2020 - Обновена : 02.12.2020
Заедничкиот центар на Турција и Русија во Карабах наскоро започнува со работа

АНКАРА (АА) - Разговорите за техничките детали во врска со формирањето и одговорностите на Турско-рускиот заеднички центар се завршени и потпишан е договор, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството преку Твитер објави дека во тек е работата за што побрзо ставање во функција на центарот, потсетувајќи дека на 11 ноември, преку видеоконференција, е потпишан Меморандум за разбирање од страна на министрите за одбрана на Турција и Русија, Хулуси Акар и Сергеј Шојгу.

„Преку заедничкиот центар во Нагорно Карабах, турските и руските воени делегации планираат да го следат и контролираат спроведувањето на примирјето помеѓу Азербејџан и Ерменија“, се додава од Министерството.

Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан, и седум други соседни региони.

Кога на 27 септември избија нови судири, ерменската војска покрена напади врз цивилите и азербејџанските сили и прекрши неколку договори за хуманитарен прекин на огнот.

Во текот на 44-дневните судири, Азербејџан ослободи неколку градови и речиси 300 населби и села од ерменска окупација.

На 10 ноември, двете земји потпишаа договор со посредство на Русија за ставање крај на судирите и за посветување кон сеопфатно решение.

Примирјето се смета како победа за Азербејџан и пораз за Ерменија, чии вооружени сили се повлекуваат, како што е наведено во договорот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın