Турција

Турското Обвинителство побара повеќекратни доживотни казни за припадници на ФЕТО

За цивилите Батмаз, Чичек, Ору и Биниш кои од базата „Акинџи“ раководеа со обидот за пуч, и за 16 војници кои за време на обидот за пуч биле насочени кон цивилите, Обвинителството побара 79-кратни отежнати доживотни затворски казни

Ekipa  | 21.01.2019 - Обновена : 22.01.2019
Турското Обвинителство побара повеќекратни доживотни казни за припадници на ФЕТО

Ankara

АНКАРА (АА) - Во судскиот процес против 475 обвинети поради активностите во базата „Акинџи“ за време на обидот за државен удар во Турција од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година, судија од Обвинителството на судот му ги предаде предлозите за казни, јавува Anadolu Agency (AA).

Во судскиот процес, под обвинение за „прекршување на уставниот поредок“, „убиство на граѓани“ и „обид за атентат на претседателот“, се бара од судот отежната доживотна казна затвор за обвинетите.

За цивилите Кемал Батмаз, Хакан Чичек, Нуретин Ору и Харун Биниш кои од базата „Акинџи“ раководеа со обидот за пуч, и за 16 војници кои за време на обидот за пуч биле насочени кон цивилите, Обвинителството побара 79-кратни отежнати доживотни затворски казни.

За Мустафа Мете Кајгусуз и Ахмет Тосун, кои на 15 јули на пилотите им издадоа наредби за бомбардирање, и за потполковникот Хакан Каракуш, поранешен командант на 141. флота на Турција, побарани се 79-кратни отежнати доживотни казни затвор.

За поранешниот пилот, потполковник Мустафа Азиметли, кој вечерта за време на обидот за пуч го бомбардираше Претседателството на Полициското воздухопловство во Ѓолбаши, исто така, побарана е 79-кратна доживотна казна затвор.

Побарани се 79-кратни доживотни казни затвор и за поранешниот пилот Хасан Хусну Баликч, кој го бомбардираше турскиот Парламент, за поранешниот пилот Хусеин Турк, кој ги бомбардираше турскиот Парламент, Центарот за сателитска програма и Претседателството на турските Специјални полициски сили.

За поранешниот пилот, поручникот Мусљум Маџит, кој уби 15 лица во околината на Претседателската палата во Анкара, побарано е да биде осуден на 16-кратна отежната доживотна казна затвор.

Јавниот обвинител за поранешниот пилот Угур Узуноглу, кој го бомбардираше Претседателството на Специјалните полициски сили, побара 45-кратна отежната доживотна казна затвор.

За поранешните пилоти Мехмет Четин Каплан и Ертан Корал, кои убија 7 полицајци во Претседателството за безбедност во воздухопловството, обвинителот побара 8-кратна отежната доживотна казна затвор.

- Упатено барање за одвојување на процесите против Ѓулен и Оксуз од јавниот случај -

Јавниот обвинител за случајот со базата „Акинџи“, за водачот на ФЕТО/ПДЈ, бегалецот Фетула Ѓулен, и за „цивилниот имам“ Адил Оксуз побара одвојување на нивните случаи од јавнот случај.

Обвинителот побара за обвинетите за кои се бара затворска казна да не биде поставена горна граница на казнување и кај нив да не се применува дискреционо ублажување на казната.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın