Турција

Турското МНР со сочувство до Северна Македонија по повод сообраќајната несреќа

Турското МНР испрати телеграма со сочувство до граѓаните на Република Северна Македонија, по повод сообраќајната несреќа на релацијата Скопје - Тетово, во која животот го загубија 14 лица

Tevfik Durul  | 14.02.2019 - Обновена : 14.02.2019
Турското МНР со сочувство до Северна Македонија по повод сообраќајната несреќа

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција испрати телеграма со сочувство до Република Северна Македонија, по повод сообраќајната несреќа што се случи на релацијата Скопје - Тетово, јавува Anadolu Agency (AA).

Во телеграмата на турското МНР се вели:

„Со тага ја примивме веста дека синоќа, на релацијата Скопје - Тетово, се случила сообраќајна несреќа, во која загинаа 14 лица и има голем број повредени. На семејствата на загинатите и на нашиот братски народ на Македонија им изразуваме сочувство, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување.“

Синоќа на релацијата Скопје - Тетово се случи тешка сообраќајна несреќа во која се преврте патнички автобус. Во несреќата животот го загубија 14 лица, а повеќе од 30 се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.