Турција

Турскиот министер Варанк: „Очекуваме брз раст на инвестициите“

Ресорниот министер Варанк соопшти дека индексот на индустриско производство во Турција во мај годинава е зголемен за 6,4 отсто во однос на истиот период минатата година, кој е само еден во низата показатели кои ги надминуваат очекувања

Dilara Zengin  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Турскиот министер Варанк: „Очекуваме брз раст на инвестициите“

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерот за индустрија и технологија на Република Турција, Мустафа Варанк, изјави дека завршувањето на неизвесноста по изборите наскоро ќе овозможи брз раст на инвестициите во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Ресорниот турски министер соопшти дека индексот на индустриското производство во Турција во мај оваа година е зголемен за 6,4 отсто во однос на истиот период минатата година, и додаде дека е само еден во низата статистички показатели кои ги надминуваат сите очекувања.

„Сите податоци покажуваат дека економскиот раст на Турција продолжува и во вториот квартал, предводен од зголеменото индустриско производство“, изјави Варанк.

Тој изјави дека за растот на индустриското производство на Турција погодни се сите параметри, вклучувајќи ја и внатрешната побарувачка, извозот и искористеноста на индустриските капацитети.

Додаде дека брзиот прогрес на туристичкиот сектор е значаен за продолжување на растот на турското индустриско производство во иднина.

„Зголемувањето на производството се рефлектира и на вработувањето. Според последните податоци, во изминатата година во Турција се отворени 852.000 нови работни места. Индустријата тука има клучна улога“, изјави Варанк.

Турскиот министер Варанк, исто така изјави дека завршувањето на неизвесноста по изборите и преминувањето во ефикасниот претседателски систем на управување во Турција наскоро ќе овозможи брз раст на инвестициите.

„Ефикасниот претседателски систем ќе овозможи економски развој на земјата. Дојде време за економски бум во Турција“, порача Варанк.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın