Турција, Балкан

Туркије: Спасени изгубените планинарки од Хрватска

Планинарките, заблагодарувајќи им се на екипите на жандармеријата, рекоа дека се изгубиле при искачувањето, а не можеле да го најдат патот назад откако почнало да се стемнува.

Zekeriya Karadavut  | 12.08.2022 - Обновена : 15.08.2022
Туркије: Спасени изгубените планинарки од Хрватска Фото: АА

АКСАРАЈ (АА) - Екипи на турската жандармерија во вечерните часови ги пронајдоа планинарките од Хрватска, кои се изгубиле при искачување на планината Хасан, во областа Аксарај, централна Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).

Психологинката Ива Стасов (47) и програмерката Злата Агиќ (41) вчера наутро го напуштиле хотелот во Аксарај каде што престојувале, упатувајќи се кон планината Хасан.

Откако гостинките во вечерните часови не се вратиле во хотелот, била известена турската жандармерија и Службата за вонредни ситуации (АФАД).

Екипи на жандармеријата во соработка со овчарите од областа на оваа планина ја започнаа потрагата по исчезнатите туристки. Откако овчарите пријавиле дека виделе светлина од еден од локалитетите на планината, тимовите на жандармеријата ги пронашле жените и ги пренеле во хотел.

Планинарките, заблагодарувајќи им се на екипите на жандармеријата, рекоа дека се изгубиле при искачувањето, а не можеле да го најдат патот назад откако почнало да се стемнува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.