Турција

Самит на ОИС во Истанбул: Израел акциите ги изведе со поддршка на САД

На самитот, со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, усвоена е заедничка декларација на земјите членки на ОИС.

Tuğrul Çam, Zuhal Demirci, Tuğçenur Yılmaz  | 19.05.2018 - Обновена : 19.05.2018
Самит на ОИС во Истанбул: Израел акциите ги изведе со поддршка на САД (Foto: Kayhan Özer/ AA)

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Во Истанбул денеска е одржан вонреден Самит на земјите членки на Организацијат на исламска соработка (ОИС) на кој е разговарано за последните случувања во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).

На самитот, со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, усвоена е заедничка декларација на земјите членки на ОИС.

Во декларацијата се наведува дека Израел своите акции, кои претставуваат брутално злосторство, ги изведе со подрршка на Соединетите Американски Држави (САД).

Нагласена е и решителноста да се преземат политички и економски мерки против земјите кои Ерусалим (Кудс) го признаваат како главен град на Израел.

На Самитот исто така е апелирано да се овозможи меѓународна заштита на палестинскиот народ, вклучувајќи и испраќање на мировни сили.

Во декларацијата се повикува меѓународната заедница, првенствено Советот за безбедност на ОН, да делува во рамките на своите надлежности за да се заштити меѓународното право.

Најостро се осудуваат криминалните дела кои израелските сили ги извеле против вооружените Палестинци во текот на мирните протести во Газа.

Во декларацијата се бара меѓународна независна истрага за злосторствата и масакрите кои израелските сили ги извршиле во Појасот Газа, за да одговорните бидат казнети.

Отфрлена е нелегитимната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп со која Ерусалим (Кудс) е признаен како главен град на Израел.

Во усвоената декларација од земјите членки на ОИС и меѓународната заедница се бара да спречат пристап до пазарот на производи кои се произведени во илегалните еврејски населби.

Самитот во Истанбул е организиран по повод израелските напади на Палестинците во текот на мирните протести кои Палестинците ги организираа по повод 70. годишнината на Накба, односно масовниот прогон на тој народ.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделник на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и американското преселување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.

Израелските безбедносни сили со употреба на силата и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и во вторник. Усмртени се 62 Палестинци, а ранети се најмалку 3.000 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın