Турција

Популарно по најавата за апокалипса, Ширинџе годишно со 1,5 милион туристи

Ова мало место во Турција , во фокусот на светската јавност дојде во 2012 година, и низ годините кои следуваа, привлече голем број странски посетители

Tezcan Ekizler  | 22.07.2018 - Обновена : 23.07.2018
Популарно по најавата за апокалипса, Ширинџе годишно со 1,5 милион туристи Mahmut Serdar Alakuş/AA

Izmir

ИЗМИР (АА) - ТЕЗЏАН ЕКИЗЛЕР -

Ширинџе е мало туристичко место, недалеку од Измир во Турција, кое до 2012 година беше речиси непознато. Сепак, тоа значително се промени, откако беше објавена статија во која беше напишано дека само ова место, покрај селото Бугарач во јужниот дел на Франција, ќе остане недопрено за време на апокалипсата што наводно требало да се случи на 21 декември 2012 година, кога е забележан крајот на календарот на Маите, пишува Anadolu Agency (AA).

Оттогаш Ширинџе го посетуваат 1,5 милион туристи, претежно од земјите од Далечниот Исток.

Во минатото не било познато, но благодарение на близината на античкиот град Ефес и на Кушадаси, го посетуваа само мал број туристи.

Ова мало место, во фокусот на светската јавност дојде во 2012 година, и низ годините кои следуваа, привлече голем број странски посетители. Во Ширинџе се наоѓаат две цркви, како и голем број објекти од културно значење, чија реставрација е во тек.

Покрај тоа, доаѓањето на голем број туристи резултираше со зголемување на приходите и цените на недвижностите во овој град.

Белите куќи, поплочените улици, маслиновите дрвја и околните планини им нудат на посетителите можност да избегаат од градската врева. Кафулињата, рестораните, сувенирите - се само дел од она што ова место може да го понуди.

Донгкјунг Чо доаѓа од Јужна Кореја, а за Ширинџе дознала од медиумите.

„Во Франција и Италија постојат слични места, но Ширинџе е некако поприродно, со оглед на тоа што успеало да зачува одредени карактеристики. Ќе дојдам и следната година“, додава Чо.

Емануел Милер Рамос во Ширинџе дојде по посетата на античкиот град Ефес.

„Ова е совршено место“, смета овој Бразилец.

Угостителот Ахмет Ирак рече дека Ширинџе секоја година го посетуваат сè повеќе туристи.

„Во последно време, најмногу посетители има од Кина и Јужна Кореја. Освен нив, особено голем број доаѓаат од арапските и од европските земји“, додаде Ирак.

Зејнел Бакиџи, градоначалник на општината Селџук, на која ѝ припаѓа Ширинџе, изјави дека напорно работат на промоција на местото, особено преку меѓународните саеми.

„Ширинџе годишно го посетуваат 1,5 милион туристи. Околу една третина се странски посетители. Особено е популарно меѓу јавноста во Европа и на Далечниот Исток“, рече Бакиџи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın