Турција

Под контрола ставени 88 од вкупно 98 шумски пожари во Турција

„Ставивме под контрола 88 од 98 шумски пожари што избувнаа во периодот меѓу 28 и 31 јули. Напорите за сузбивање на десетте пожари продолжуваат со голема посветеност“

Ayşe Böcüoğlu Bodur  | 31.07.2021 - Обновена : 01.08.2021
Под контрола ставени 88 од вкупно 98 шумски пожари во Турција Фото: Ali Rıza Akkır/АА

АНКАРА (АА) - Турција стави под контрола 88 од вкупно 98 шумски пожари што беснеат низ земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација ја сподели турскиот министер за шумарство и земјоделство Бекир Пакдемирли на својот профил на Твитер.

„Ставивме под контрола 88 од 98 шумски пожари што избувнаа во периодот меѓу 28 и 31 јули. Напорите за сузбивање на десетте пожари продолжуваат со голема посветеност“, напиша Пакдемирли.

Министерот наведе дека продолжува борбата со еден пожар во Адана, три во Анталија, три во Мерсин, два во Мугла и еден во Османије.

Сите државни средства се мобилизирани за гаснење на пожарите по инструкции на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) наведува дека пожарите во Манавгат погодиле 271 лице и дека 73 лица се хоспитализирани. Во пожарите смртно настрадаа четири лица, три лица во Анталија и едно во Мугла.

Во пожарите низ Мугла повредени се 49 лица. Што се однесува до пожарот во Мерсин, АФАД наведе дека 6.386 лица од окрузите Ајдинџик и Силифке се евакуирани во безбедни подрачја.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın