Турција, култура и уметност

Музејот „Мадам Тисо“ во Истанбул: Восочни фигури на Ајнштајн, Бред Пит, Монро

Меѓу восочните фигури се наоѓаат и скулптурите на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, американскиот претприемач Стив Џобс, персискиот исламски филозоф, теолог и поет од 13 век, Џелаледин Мевљана Руми и многу други

Vesna Besiç  | 26.05.2018 - Обновена : 28.05.2018
Музејот „Мадам Тисо“ во Истанбул: Восочни фигури на Ајнштајн, Бред Пит, Монро Şebnem Coşkun/AA

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Светски познатиот ланец на музеи „Ми“, кој кон крајот на минатата година во Истанбул ги отвори вратите на својата 21. подружница, е место во кое се наоѓаат 60 восочни фигури на истакнати историски, културни, политички и спортски турски и светски личности, јавува Anadolu Agency (AA).

Меѓу восочните фигури се наоѓаат и скулптурите на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, американскиот претприемач Стив Џобс, персискиот исламски филозоф, теолог и поет од 13 век, Џелаледин Мевљана Руми и познатиот османлиски архитект Мимар Синан.

Во музејот има скулптури и на боксерската легенда Мухамед Али, научникот Алберт Ајнштајн, скулптура на Леонардно да Винчи, фудбалерот Нејмар, композиторот Волфганг Амадеус Моцарт, првата жена-пилот во Турција, Сабиха Ѓокчен, како и холивудските ѕвезди Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Том Круз.

Меѓу восочните фигури се наоѓаат и скулптурите на Мерилин Монро, Одри Хепберн и Мајкл Џексон.

Музејот се наоѓа во главната пешачка зона во европскиот дел на градот во улицата „Истиклал“, во реновираниот објект Гранд Пер, и се простира на површина од 2.000 квадратни километри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın