Турција, економија

ММФ очекува раст на турската економија во 2019 година од 3,9 отсто

Жан Марија Милеси-Ферети, директор на Истражниот оддел при Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), даде изјава за АА по ажурираниот извештај за Светскиот економски преглед на ММФ

Gülbin Yıldırım  | 18.07.2018 - Обновена : 19.07.2018
ММФ очекува раст на турската економија во 2019 година од 3,9 отсто

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - ЃУЛБИН ЈИЛДИРИМ -

Жан Марија Милеси-Ферети, директор на Истражниот оддел при Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), истакна дека ММФ очекува економијата на Турција оваа година да порасне за 4,2, а во наредната година за 3,9 отсто, пишува Anadolu Agency (AA).

Милеси-Ферети даде изјава за АА по ажурираниот извештај за Светскиот економски преглед на ММФ. „Зголемување од околу 4 отсто е добар перформанс, ако се земе предвид пазарот на кој перцепцијата за пазарните економии во пораст се претвора во негатива“, рече тој.

Милеси-Ферети нагласи дека е нормално забавувањето на турската економија по минатогодишниот раст од 7,4 отсто со поддршка на политиката. „Очекуваме економијата на Турција оваа година да порасне за 4,2, а наредната, за 3,9 отсто“, додаде тој.

Во ажурираниот извештај на Светскиот економски преглед на ММФ, објавен во понеделникот, тој се осврнува на овогодишното очекување за пораст на економијата на Турција, како и за 2019 година.

Во претходниот извештај објавен во април, беше соопштено дека за 2018 година за економијата на Турција се очекува пораст од 4,4 отсто, а за 2019 година, 4 отсто.

- „Пораст од околу 4 отсто е добар перформанс“ -

Милеси-Ферети истакна дека на намалувањето на очекуваната стапка за порастот на економијата во Турција влијаеле влошувањето на глобалните финансиски услови, зголемените цени на нафтата, како и губењето на вредноста на турската лира.

Според него, стабилизирањето на порастот на околу 4 отсто ќе овозможи намалување на инфлацијата.

„Секако дека порастот на економијата на Турција од над 7 отсто е огромен перформанс. Дефицитот на тековната сметка се прошири, инфлацијата се зголеми. Затоа, извесно време предвидувавме дека порастот кој не е одржлив, ќе се забавува.“ 

Милеси-Ферети рече дека е важно да се намали дефицитот на тековната сметка и високата инфлација додека порастот се стабилизира.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın