Турција

Калин: „Нападите врз населението во Газа мора итно да се запрат“

„Овие напади уште еднаш го покажаа незаконскиот, тиранскиот и окупацискиот став на Израел“, истакна Калин

Nilay Kar  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
Калин: „Нападите врз населението во Газа мора итно да се запрат“

Ankara

АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, денес го повика Израел да запре со нападите врз населението на Газа и ја повика меѓународната заедница да преземе одговорност во врска со неодамнешните напади на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи за АА во главниот град Анкара, Калин изјави: „Овие напади уште еднаш го покажаа незаконскиот, тиранскиот и окупацискиот став на Израел.“

„Овие напади врз населението од Газа мора итно да се запрат. Меѓународната заедница, која молчеше за израелските напади, мора да преземе одговорност и да дејствува“, изјави тој.

Најмалку петмина Палестинци се убиени во синоќешните воздушни израелски напади во Појасот Газа.

Израелската Армија соопшти дека биле повредени повеќе од 20 лица. Нападите вчера се случија откако ден претходно, седуммина Палестинци и еден израелски војник загинаа во тајната израелска операција во блокираната енклава.

Од март, над 200 Палестинци се убиени, а илјадници се повредени од страна на израелската Армија за време на протестите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın