Турција

Ердоган: „Мегапроектот Канал Истанбул на Турција ќе и донесе растеретеност и мир"

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека проектот „Канал Истанбул" на Турција ќе и донесе растеретеност и благосостојба

Mümin Altaş  | 14.04.2021 - Обновена : 16.04.2021
Ердоган: „Мегапроектот Канал Истанбул на Турција ќе и донесе растеретеност и мир"

АНКАРА

Мегапроектот „Канал Истанбул" ќе донесе поголем душевен мир на турската нација, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Проектот „Канал Истанбул" кој нема никаква врска со Конвенцијата од Монтре, на Турција ќе и донесе поголема растеретеност и мир", рече Ердоган алудирајќи на договорот за турските теснеци од 1936 година.

„Извршуваме работа со која ќе воспоставиме сопствена независнос и сопствен суверенитет во полн облик", додаде турскиот претседател во текот на обраќањето во Претседателската национална библиотека во главниот град Анкара.

Ердоган истакна дека проектот „Канал Истанбул" ќе му донесе големо богатство на Истанбул и во голема мерка ќе го растерети Босфор во еколошка смисла.

Ердоган претходно изјави дека „Канал Истанбул", наизменично со Босфор, ќе го растерети опасно густиот бродски сообраќај во теснеците, а посебно бродскиот товар на опасните материјали.

Со проектот „Канал Истанбул" планирана е изградба на новиот канал помеѓу Мраморно море и Црното море поради јакнење на сигурноста на поморскиот сообраќај. Планирано е капацитетот на „Канал Истанбул" да биде речиси трикратно поголем од капацитетот на босфорскиот канал.

Коментирајќи ја одлуката за повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција минатиот месец, Ердоган истакна дека ќе донесе поправедна и подобра конвенција.

„Истанбулската конвенција не доведе до почитување на правата на жените ниту во нашата држава ниту во светот. Нашата вера забранува насилство над жените. Ние можеме да донесеме поправедна, подобра и посилна верзија на Истанбулската конвенција", рече Ердоган.

Турција се повлече од Истанбулската конвенција на 20 март, тврдејќи дека тој договор е спротивност со локалната традиција и дека турските закони пружаат доволна заштита на жените.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.