Турција

Ердоган: „Нема разлика помеѓу припадниците на ФЕТО, ДЕАШ или ПКК“

Ердоган престојуваше во источниот турски град Дијарбакир, каде што е одржана церемонија на свеченото отворање на Градскиот стадион, а воедно и на затворањето на Фестивалот на младоста

Enes Kaplan  | 20.10.2018 - Обновена : 21.10.2018
Ердоган: „Нема разлика помеѓу припадниците на ФЕТО, ДЕАШ или ПКК“

Ankara

ДИЈАРБАКИР (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во турскиот град Дијарбакир порача дека сите терористички организации се исти и дека нема разлика помеѓу припадниците на ФЕТО, ДЕАШ, ниту пак ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган престојуваше во источниот турски град Дијарбакир, каде што е одржана церемонија на свеченото отворање на Градскиот стадион, а воедно и на затворањето на Фестивалот на младоста.

По повод свеченото отворање одигран е ревијален натпревар на кој, покрај големиот број личности од јавниот и политичкиот живот на Турција, беше присутен и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој симболично го изведе почетниот удар од центарот на фудбалскиот терен.

Во своето обраќање кон граѓаните на стадионот, Ердоган рече:

„Турција денес вложува напори за сопствена одбрана, но исто така и за изградба на сопствената иднина. Му благодарам на Бога, на двата плана постигнавме голем успех.“

Турскиот претседател се осврна и на борбата против тероризмот.

„Нема никаква разлика помеѓу припадниците на ФЕТО, кои своето „јас“ му го продадоа за долар на шарлатанот (Ѓулен) во САД, припадниците на ДЕАШ, кои убиваат муслимани во името на исламот и терористите сепаратисти (ПКК), кои пукаат кон својата земја и својот народ“, порача Ердоган.

Тој истакна дека сите терористички организации се исти, без оглед на тоа какво име носат.

„Оној кој во оваа земја ќе врши етничка дискриминација, ќе се соочи со нас“, додаде Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın