Турција

Донмез: „Турски брод наскоро ќе го спроведе првото сондирање на Медитеранот“

„Бродот „Фатих“ во следните неколку месеци ќе го направи првото сондирање на Медитеранот. Нема да дозволиме да се доведе пред свршен чин ниту еден проект во источниот дел на Медитеранот кој не е одобрен од Турција“

Ekipa  | 20.09.2018 - Обновена : 20.09.2018
Донмез: „Турски брод наскоро ќе го спроведе првото сондирање на Медитеранот“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, денеска во Анкара изјави дека турскиот брод „Фатих“ во наредните неколку месеци ќе го направи првото сондирање на Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).

Донмез денес говореше на свеченост во Анкара, и истакна дека Турција дополнително го зајакнала присуството во морињата со сондажните бродови „Барбарос“, „Оруч Реис“ и „Фатих“.

„Нашиот брод „Фатих“ во следните неколку месеци ќе го направи првото сондирање на Медитеранот. Нема да дозволиме да се доведе пред свршен чин ниту еден проект во источниот дел на Медитеранот кој не е одобрен од Турција“, рече Донмез.

Тој истакна дека во последните 16 години се издвоени 10 милијарди долари за активности за барање нафта.

„Од тоа 50 отсто се домашни вложувачи, а втората половина се странски инвеститори. Со овие инвестиции избегнавме увоз во вредност од околу 20 милијарди долари“, рече Донмез.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın