Доживотни казни затвор за обвинетите за нападот на аеродромот „Ататурк"
Во терористичкиот напад на ДЕАШ на истанбулскиот аеродром Ататурк, кој се случи на 28 јуни во 2016 година, загинаа 45, а ранети се 163 лица.
Istanbul
ИСТАНБУЛ (AA) - Шестмината обвинети за терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул осудени се на на повеќекратни доживотни казни затвор поради „кршење на Уставот" и „убиство со предумисла", јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетуваме, во терористичкиот напад на ДЕАШ на истанбулскиот аеродром Ататурк, кој се случи на 28 јуни во 2016 година, загинаа 45, а ранети се 163 лица.
За нападот се обвинети 46 лица против кои се водеше судска постапка. Судот соопшти дека шестмината обвинети Риза Џошкун, Левент Ујсал, Ахмет Каплан, Ејуп Демир, Ахмет Дизлек и Дјамел Слимани, казнети се со повеќекратни доживотни казни затвор по 46 пати како и 2.604 години затвор.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.