Турција, Коронавирус

Во Турција досега администрирани над 20 милиони дози од вакцините против Ковид-19

Над 12,2 милиони луѓе до денес се вакцинирани со првата доза, додека над 7,79 милиони луѓе ја примиле втората доза

Sena Güler  | 19.04.2021 - Обновена : 20.04.2021
Во Турција досега администрирани над 20 милиони дози од вакцините против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Турција досега администрира над 20 милиони дози на вакцините против коронавирусот низ целата земја, покажаа денешните податоци на турското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Над 12,2 милиони луѓе до денес се вакцинирани со првата доза, додека над 7,79 милиони луѓе ја примиле втората доза.

Во Истанбул, каде што живее речиси една петтина од населението во Турција, се администрирани над 3,17 милиони дози од вакцините, од кои над 1,97 милиони прва доза, а 1,2 милиони втора доза од вакцините.

По Истанбул, во главниот град Анкара се дадени над 1,59 милиони вакцини против коронавирусот.

Турција на 14 јануари започна со масовна вакцинација против Ковид-19, почнувајќи од здравствените работници и високите државни претставници со цел да се поттикне довербата на јавноста во вакцините.

Поради зголемениот број случаи и починати, Турција најави враќање на полицискиот час за викендите во областите со висок ризик, како и други ограничувања, покрај посебните мерки воведени поради месецот Рамазан.

Вкупниот број на заразени во Турција од почетокот на епидемијата достигна над 4,26 милиони, додека бројот на починати од Ковид-19 според последните податоци изнесува 35.926.

Од декември 2019 година, пандемијата на Ковид-19 зеде над 3 милиони животи во 192 земји и региони во светот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“. Регистрирани се над 141,4 милиони случаи во светот, со над 80,77 милиони оздравени лица.

САД, Индија и Бразил остануваат најтешко погодените земји во светот според бројот на заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.