Турција, Балкан

Anadolu Agency го презеде претседавањето со Асоцијацијата на балкански новински агенции

АА го презеде кормилото на Асоцијацијата на балканските новински агенции - Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ) од грчката новинска агенција АНА-МПА на свеченост во Истанбул

Handan Kazancı  | 18.11.2018 - Обновена : 19.11.2018
Anadolu Agency го презеде претседавањето со Асоцијацијата на балкански новински агенции

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската водечка новинска агенција денес го презеде претседавањето со Асоцијацијата на регионалните новински агенции.

Anadolu Agency (АА) го презеде кормилото на Асоцијацијата на балканските новински агенции - Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ) од грчката новинска агенција АНА-МПА на свеченост во Истанбул.

„Би сакал да ја изразам мојата длабока благодарност до претседателот на АБНА-ЈИЕ во заминување, Михалис Псилос, за успешниот мандат на неговото претседавање“, истакна на церемонијата заменик-генералниот директор на Anadolu Agency, Мустафа Озкаја.

„АБНА е формирана во 1995 година, со цел не само да развие целосна соработка меѓу новинските агенции во регионот, туку и да придонесе за воведување атмосфера на мир, пријателство, безбедност и соработка во нашиот регион“, додаде Озкаја.

„Anadolu Agency ќе го спроведува претседавањето со АБНА-ЈИЕ во согласност со целите на АБНА-ЈИЕ, и ќе работи на подобрување на дијалогот, соработката, пријателските и професионалните односи меѓу нејзините членови“, нагласи тој.

Тој се заблагодари за присуството на 27. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ и на Конференцијата во Истанбул.

- Мирољубивиот дух на Балканот“ -

Говорејќи на свеченоста, Михалис Псилос, челникот на грчката новинска агенција АНА-МПА, исто така, ѝ се заблагодари на Anadolu Agency за одржувањето на Конференцијата за дигитални медиуми.

„Беше присутен мирољубивиот дух на Балканот“, рече Псилос, и додаде: „Соработката меѓу нашите новински агенции е клучна. Соработката меѓу нашите луѓе, нашите нации, мора да биде наша прва должност.“

Во врска со важноста на соработката меѓу новинските агенции во регионот, тој рече: „Би сакал да дознаам за настаните во Турција не од Ројтерс или од АП, туку од Anadolu.“

Псилос рече дека се залага за соработка со која персоналот за странски вести ќе има шанса „директно да се обрати до балканските новински агенции, со цел да се информира за активностите не само на новинската агенција, туку и на активностите на земјата.“

Тој додаде дека мора да се промовира оваа идеја, бидејќи балканските новински агенции треба да направат некои одредени, конкретни нешта за промовирање на соработката меѓу новинарите.

„На пример, како што вчера ми кажа Мустафа (Озкаја), многу е добра идејата да има заедничка награда од балканските новинари“, додаде тој.

Основана во 1920 година, Anadolu Agency е докажана глобална новинска агенција која е присутна во повеќето најголеми подрачја во светот, вклучувајќи ги Америка, Европа, Блискиот Исток, Азија и Пацификот, и опслужува претплатници во над 100 земји од светот.

За своите претплатници, агенцијата произведува вести на 13 јазици: турски, англиски, арапски, БХС (босански, хрватски, српски), руски, курманџи, сорани, персиски, француски, албански, македонски, индонезиски и шпански.

АБНА-ЈИЕ (ABNA-SE) е основана во 1995 година, со цел да развие поцелосна соработка меѓу новинските агенции од регионот, како и да помогне да се воспостави атмосфера на мир, пријателство, безбедност и соработка на Балканот.

Меѓу членките на АБНА-ЈИЕ се Агрепрес (Букурешт), АНА-МПА (Aтина), Anadolu Agency (АА) (Анкара), МИА (Скопје), АТА (Тирана), БТА (Софија), ЦНА (Никозија), ФЕНА (Сараево), ХИНА (Загреб), СРНА (Бања Лука) и Танјуг (Белград).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın