Турција

„Крајот на вонредната состојба нема да нè одврати од борбата против тероризмот“

Турскиот минисер за правда, Абдулхамит Ѓул, денес истакна дека вонредната состојба во Турција, воведена по неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, ќе биде укината за неколку дена

Faruk Zorlu  | 16.07.2018 - Обновена : 17.07.2018
„Крајот на вонредната состојба нема да нè одврати од борбата против тероризмот“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот минисер за правда, Абдулхамит Ѓул, денес истакна дека вонредната состојба во Турција, воведена по неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, ќе биде укината за неколку дена, но дека борбата против тероризмот продолжува, јавува Anadolu Agency (AA).

Во своето обраќање на Меѓународниот симпозиум за борбата против пучот и 15 јули, Ѓул рече: „Вонредната состојба ќе заврши, но истрајната и одлучната борба против сите видови тероризам, особено против терористичката организација ФЕТО, продолжува до крајот“.

Ѓул упати благодарност до оние кои вложуваат напори во правец на демократијата во земјата.

Симпозиумот беше организиран во соработка на Турската правна платформа, Унијата на меѓународни правници, Асоцијацијата на уставни правници, Академијата за правда на Турција и Универзитетот Истанбул.

Турција за прв пат воведе вонредна состојба на 20 јули 2016 година, по неуспешниот обид за државен удар изведен од терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, во кој загинаа 251 лице, додека речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.