Турција

„Борбата против ФЕТО e борба за независност и престиж на судството“

„Борбата против ФЕТО е борба на турското судство за независност и престиж. Ќе ја продолжиме борбата за да ја воздигнеме вербата на народот во правдата со зајакнување на престижот на судството“, истакна турскиот министер за правда

Emin Avundukluoğlu  | 20.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
„Борбата против ФЕТО e борба за независност и престиж на судството“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, денес изјави дека борбата против терористичката организација ФЕТО е борба на Турција за независност и престиж на судството, јавува Anadolu Agency (AA).

„Борбата против ФЕТО е исто така борба на турското судство за независност и престиж. Ќе ја продолжиме борбата за да ја воздигнеме вербата на народот во правдата со зајакнување на престижот на судството“, изјави Ѓул пред пратениците од Комисијата за планирање и буџет.

Ѓул нагласи дека судењата на ФЕТО во земјата се спроведени со големи напори и посветеност, во согласност со начелата на меѓународното право.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.

Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.

Турскиот министер Ѓул, исто така изјави дека во турските затвори се наоѓаат над 260.000 лица, вклучувајќи околу 202.000 осудени и речиси 58.000 притворени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın