свет, спорт

Спортистите реагираат против убиството на Флојд: „Расизмот е упориште за неуки"

„Расизмот е упориште за неуки, и ја има за цел поделбата и уништувањето. Тој е непријател на слободата. Треба да се интервенира против тоа и да се уништуваат неговите корени“, се нагласува во објавата на турскиот клуб Бешикташ

Doğa Kırmızıoğlu  | 31.05.2020 - Обновена : 01.06.2020
Спортистите реагираат против убиството на Флојд: „Расизмот е упориште за неуки"

АНКАРА

Секој ден се повеќе се зголемуваат реакциите кои доаѓаат од спортската заедница против убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд чија смрт ја предизвика еден полицаец при неговото приведување, јавува Агенција Анадолија (АА).

Истакнати клубови, челници и спортисти од националната и меѓународната спортска заедница, преку социјалните мрежи продолжуваат со осудување на овој расистички настан во САД.

Турскиот клуб Бешикташ преку објава на својот Твитер профил на англиски јазик реагираше против овој настан, во која нагласи: „Расизмот е упориште за неуки и ја има за цел поделбата и уништувањето. Тој е непријател на слободата. Треба да се интервенира против тоа и да се уништуваат неговите корени“.

Исто така, клубот Фенербахче ја сподели фотографијата на Флој, на која напиша: „Расизмот не е идеологија, туку психолошка болест“.

Клубот Галатасарај објави порака во која нагласи: „Расизмот е најголемата закана за човештвото. Максимална омраза за многу мала причина. Го осудуваме секој вид на расизам и дискриминација, и се сеќаваме на загубата“.

Претседателот на Кошаркарската федерација на Турција, Хидајет Туркоглу, ја сподели фотографијата на Флојд, на која напиша: „Ве молам, не можам да дишам.“. „Расизмот е отров за човештвото“, додаде Туркоглу.

- Реакции во светски рамки

Против овој настан реагираа и истакнати личности од американската кошаркарска лига (НБА) и американскиот фудбал, како Леброн Џејмс, Колин Коперник, Ервин Меџик Џонсон и бројни други кошаркари, поранешни спортисти, тренери и други.

Исто така, младата американска тенисерка Коко Гауф регираше против убиството на Флојд, и рече: „Сега дали јас сум на ред?“.

Меѓу спортистите кои реагираа против овој настан се Алекс Морган, спортистка во американскиот фудбал, Луис Хамилтон, возач на Формула 1.

Меѓу другото, фудбалскиот клуб Минесота Викингс, реагираше во врска со смртта која се случи во близина на својот стадион, додека во Твитер напиша: „Секој во општеството има право да се чувствува заштитен и безбеден“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın