спорт

Русија 2018: Хрватска - фаворит во финалето на Светското првенство

„Хрватска е многу добра екипа. На натпреварите во кои се одиграа продолжителни минути, победи трипати, и со тоа покажа колку го сака пехарот“

Hilmi Sever  | 15.07.2018 - Обновена : 16.07.2018
Русија 2018: Хрватска - фаворит во финалето на Светското првенство Hilmi Sever/AA

Moskva

МОСКВА (АА) - ХИЛМИ СЕВЕР - Шампионот на Светското фудбалско првенство во Русија ќе биде познат вечерва, по финалето на ова Првенство кое ќе се одигра меѓу Хрватска и Франција, пишува Anadolu Agency (AA).

Во овој меч, Хрватска е фаворитот на поголемиот дел на љубителите на фудбалот во Москва.

На „дрвото на турнирот“, поставено на стаклениот ѕид на Музејот на светското првенство на ФИФА, повеќето од љубителите на фудбалот ја избраа Хрватска како фаворит.

Љубителите на фудбалот потсетија дека Хрватска за првпат е пласирана во финалето, и рекоа дека сакаат да го освои својот прв пехар.

- Русија ја фаворизира Хрватска -

Пoголемиот дел од рускиот народ очекува Хрватска да стане шампион.

Русите велат дека Хрватска ја покажала својата моќ на натпреварот против Русија.

„Хрватска е многу добра екипа. На натпреварите во кои се одиграа продолжителни минути, победи трипати, и со тоа покажа колку го сака пехарот“, велат тие.

Исто така, и Јапонците и Арапите кои дошле во Русија за Светското првенство, ја избраа Хрватска како фаворит.

Лука Модриќ е фудбалерот во кого поддржувачите на Хрватска имаат најмногу доверба.

Дел од љубителите на фудбалот од Узбекистан и Азербејџан ја фаворизираат Франција. Пол Погба и Килијан Мбапе се фудбалерите во кои тие имаат најмногу доверба од репрезентацијата на Франција.

Финалето во кое ќе си ги одмерат силите Хрватска и Франција, ќе се одигра во 17:00 часот, на стадионот „Лужники“ во Москва.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın