спорт, Коронавирус

НБА: Двајца кошаркари на Бруклин нетс заразени со коронавирусот

„ДеАндре Џордан и Спенсер Динвиди се заразени со коронавирусот. Џордан веќе се откажа од планот за приклучување на екипата пред да продолжи сезоната и во клубот подготвуваат замена за него...“

Muhammed Enes Çallı  | 30.06.2020 - Обновена : 30.06.2020
НБА: Двајца кошаркари на Бруклин нетс заразени со коронавирусот

ЊУЈОРК (АА) - Двајца кошаркари на НБА-екипата Бруклин нетс се позитивни на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).

„ДеАндре Џордан и Спенсер Динвиди се заразени со коронавирусот. Џордан веќе се откажа од планот за приклучување на екипата пред да продолжи сезоната и во клубот подготвуваат замена за него, а Динвиди се подготвува за истиот потег“, соопшти американскиот спортски новинар Адријан Војнаровски.

Веста за позитивниот тест за коронавирусот и лично ја потврди на Твитер 31-годишниот Џордан, кој исто така потврди дека не оди во Орландо на собирањето на тимот.

Динвиди се огласи на Твитер и наведе дека е подготвен да се врати на паркетот, но дека најверојатно ќе мора да се откаже од тоа затоа што веќе има повеќе симптоми и неговото закрепнување би можело да потрае.

По прекинот на сезоната поради пандемијата на Ковид-19, натпреварите во НБА-лигата ќе продолжат од 30 јули. Вкупно 22 екипи ќе играат на натпреварите во салата ЕСПН „Вајд ворлд“ во близина на Орландо, Флорида.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın