Анализа на вести, спорт

Двојниот стандард на УЕФА за воените поздрави на фудбалските терени

Започнувањето на дисциплинска постапка од страна на УЕФА, за фудбалерите на Турција кои за време на натпреварите со Албанија и Франција, головите ги прославија со воен поздрав, го покажува двојниот стандард на УЕФА

Hilmi Sever  | 16.10.2019 - Обновена : 19.10.2019
Двојниот стандард на УЕФА за воените поздрави на фудбалските терени

ИСТАНБУЛ (АА) - ХИЛМИ СЕВЕР –

Започнувањето на дисциплинска постапка од страна на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), за фудбалерите на Турција кои за време на натпреварите со Албанија и Франција, головите ги прославија со воен поздрав, го покажува двојниот стандард на УЕФА.

Дисциплинска постапка што ја започна УЕФА за фудбалерите на националната репрезентација на Турција привлекува внимание со својата „политичка содржина“. При сличните тврдења за дисциплински истраги по натпреварот со Албанија, Anadolu Agency (AA) упати писмено прашање до директорот за комуникации на УЕФА, Филип Таунсенд.

Таунсенд на прашањето на Anadolu Agency (AA), одговори: „УЕФА нема никаков коментар за натпреварот.“

Добро, што се случи, при што истата УЕФА овој пат по натпреварот со Франција, за иста прослава за головите започна истрага за фудбалерите?

Очигледно е дека одлуката на УЕФА за започнување истрага за фудбалерите е донесена во рамките на кампањата на европската политика која се води против операцијата „Извор на мирот“, која Турција ја спроведува врз основа на меѓународното право и правото на самоодбрана кое произлегува од членот 51 на Обединетите нации.

Непосредно пред УЕФА да објави дека започнала истрага за турските фудбалери, особено внимание привлече објавата на министерката за спорт на Франција, Роксана Маракинеану, на својот социјален профил, која напиша дека воениот поздрав на турскиот фудбалер Каан Ајхан по постигнатиот гол во натпреварот со Франција е во спротивност со духот на спортот.

Таа, исто така во објавата упати повик до УЕФА да го разгледа случајот.

Заедно со таа објава, особено во европските медиуми, имаше провокативни емисии во врска со воениот поздрав на националните фудбалери на Турција, со што се изврши политички притисок врз УЕФА за да отвори дисциплинска истрага.

Во скандалозната објава на УЕФА за започнувањето на дисциплинската истрага се истакнува дека истрагата е започната за воениот поздрав на националните фудбалери на Турција за време на натпреварите со Албанија и Франција. Но истата УЕФА, два дена пред натпреварот со Франција, во однос на воениот поздрав на натпреварот со Албанија истакна дека не е отворена никаква дисциплинска постапка и дека таа (УЕФА), нема никаков коментар во однос на темата.

Во најважните лиги во Европа, Првата фудбалска лига (Ла Лига) на Шпанија, Премиер-лигата на Англија и Првата фудбалска лига на Германија (Бундес-лига) претходно голем број фудбалски ѕвезди во своите екипи постигнувањето на головите ги славеа со воен поздрав.

Оваа радост од страна на телевизиите на тие земји беше емитувана со минути. И во весниците имаше широк спектар на фотографии.

И покрај таа радост во европските медиуми, во тие денови немаше никакви дискусии за воените поздрави. Од друга страна, радоста на турските фудбалери за време на натпреварот со Франција беше цензурирана од страна на француската телевизија и не беше прикажана на телевизиските екрани.

Радоста на националните фудбалери на Турција од страна на УЕФА се смета за сомнеж за „можна“ провокација. УЕФА соопшти дека назначила двајца инспектори од Комитетот за етика и дисциплина на УЕФА за да го истражат случајот. Во соопштението на УЕФА привлече внимание изразот „можна“.

- Гризман може да упатува воени поздрав

Фудбалерот на Франција, Антоан Гризман, за време на Светското првенство, најважната организација на светскиот фудбал, финалето го славеше исто така со воен поздрав.

Гризман, на церемонијата на доделувањето на трофејот за светски првак на која присуствуваа голем број државници, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, домаќинот на Шампионатот, францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави со воен поздрав. Тоа, тогаш не беше коментирано како политичка порака или пак политичка провокација.

На шампионската церемонија што се одржа во Елисејската палата, Гризман уште еднаш го поздрави Макрон со воен поздрав. Тоа во европските медиуми беше толкувано како гест за претседателот на државата.

Во натпреварот во групата Ф на Светскиот куп во Русија, Јужна Кореја и Германија се сретнаа во Казањ. Јужнокорејскиот фудбалер Хонг Чул, при интонирање на националната химна на својата земја исто така поздравуваше со воен поздрав.

- Роналдо, Марсело, Манџукиќ и Адебајор...

Воениот поздрав на фудбалските натпревари не е ограничен само со турските фудбалери и со Гризман.

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој неколкупати ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот, кога играше за екипата на Реал Мадрид, головите заедно со тимскиот колега, Бразилецот Марсело, исто така ги прославуваше со воен поздрав.

На четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во УЕФА помеѓу Барселона и Баерн Минхен, фудбалерот Тиери Анри, кој тогаш играше за шпанската екипа, постигнатиот гол, заедно со неговиот тимски колега Самуел Ето го прослави со воен поздрав.

Емануел Адебајор, една од најважните личности на африканскиот фудбал, се наоѓа меѓу фудбалерите кој постигнатиот гол го прослави со воен поздрав. Во тоа време во неговата земја, Того, имаше турбулентен политички период. Адебајор, во време кога го носеше дресот на Тотенхем, по постигнатиот гол во натпреварот со Манчестер јунајтед, исто така славеше со воен поздрав.

- На стадион парчиња ткаенина што ја симболизираат сепаратистичката терористичка организација ПКК

Двојниот стандард на УЕФА не е ограничен само на одлуката за воениот поздрав на турските фудбалери.

За време на натпреварот помеѓу Галатасарај и шведската екипа Остерсундс, кој се играше во Шведска, две лица кои влегоа на теренот го отворија постерот на Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација ПКК.

Пред три години во натпреварот помеѓу Османлиспор и екипата на Цирих, кој се играше на гостински терен во Швајцарија, на трибините беа отворени парчиња ткаенина кои ја симболизираат терористичката организација ПКК и постерот на нивниот лидер Абдула Оџалан.

Ваквиот срам на фудбалскиот терен беше казнет со мали парични казни или пак само со укори.

Покрај тоа, на многу натпревари на турските екипи во европските купови, приврзаниците на терористичката организација влегуваа на теренот и предизвикуваа прекин на натпреварот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın