спорт, Балкан

„Огнените“ слетаа во Загреб, во центарот на градот ги чекаат илјадници граѓани

Екипата од аеродромот патува во отворени автобуси до Плоштадот „Бан Јелачиќ“, каде што ќе биде организиран централен пречек. Навивачите на Хрватска се наоѓаат долж целата траса за да ги поздрават своите репрезентативци

Vanesa Balicevac  | 16.07.2018 - Обновена : 17.07.2018
„Огнените“ слетаа во Загреб, во центарот на градот ги чекаат илјадници граѓани Stipe Majic/АА

Zagreb

ЗАГРЕБ (АА) - Хрватската фудбалска репрезентација слета на загрепскиот аеродром „Фрањо Туѓман“, а авионот со фудбалерите е дочекан со „воден поздрав“ на аеродромот, каде што се собраа голем број навивачи, јавува Anadolu Agency (AA).

На Плоштадот „Бан Јелачиќ“, во центарот на Загреб, се собраа стотици илјади навивачи кои го очекуваат доаѓањето на „огнените“.

Екипата од аеродромот патува во отворени автобуси до Плоштадот „Бан Јелачиќ“, каде што ќе биде организиран централен пречек. Навивачите на Хрватска се наоѓаат долж целата траса за да ги поздрават своите репрезентативци.

Во чест на Хрватската фудбалска репрезентација, јавниот превоз во Загреб до крајот на денот ќе биде бесплатен.

Хрватската фудбалска репрезентација од Светското фудбалско првенство се враќа со сребрени медали, откако во финалниот натпревар против Франција изгуби со резултат 4:2, а капитенот на „огнените“, Лука Модриќ, беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın