свет, Коронавирус

Јапонија ја проширува забраната за влез во земјата поради Ковид-19

На патниците што ги посетиле Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Јужна Кореја и речиси сите европски земји во изминатите две недели, ќе им биде забранет влез во Јапонија

Ali Murat Alhas  | 31.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
Јапонија ја проширува забраната за влез во земјата поради Ковид-19

ТОКИО (АА) - Јапонија во својата забрана за влез во земјата вклучи уште повеќе земји, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за надворешни работи Тошимицу Мотеги на прес-конференција рече дека на патниците што ги посетиле Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Јужна Кореја и речиси сите европски земји во изминатите две недели, ќе им биде забранет влез во Јапонија.

Со најновиот развој на настаните поврзани со пандемијата, во списокот сега се вклучени 73 земји, а државните службеници ги повикуваат граѓаните да не патуваат во 50 земји со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, новиот вид коронавирус, официјално познат како Ковид-19, се прошири во најмалку 177 земји и територии.

Во светот се регистрирани над 786.000 случаи, а бројот на починати изнесува над 37.900.

Јапонија има над 2.000 потврдени случаи и 56 смртни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın