свет, Операција Извор на мирот

Трамп со благодарност до Ердоган за постигнатиот договор

„Денес е прекрасен ден на Средниот Исток. Беше несекојдневен, но направивме нешто што со години претходно никој не го сторил“

Dildar Baykan  | 18.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
Трамп со благодарност до Ердоган за постигнатиот договор

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, упати благодарност до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради договорот за Сирија постигнат меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп се обрати на настан одржан во американската сојузна држава Тексас, на кој говореше за договорот постигнат меѓу неговата земја и Турција во врска со источниот дел на Еуфрат.

„Денес е прекрасен ден на Средниот Исток. Беше несекојдневен, но направивме нешто што со години претходно никој не го сторил“, рече Трамп.

Американскиот претседател нагласи дека не сака да војува со никого.

„Упатувам благодарност до претседателот Ердоган. Упатувам благодарност и до Курдите и курдските лидери, како и до другите земји кои нѐ поддржаа. Тоа е нешто неверојатно“, додаде тој.

Трамп тврди дека терористичката организација ДЕАШ е целосно земена под контрола, упатувајќи благодарност до потпретседателот на САД, Мајк Пенс и американскиот државен секретар Мајк Помпео, за нивниот придонес во оваа насока.

Според него, реализирани се преговори во врска со Сирија, и на крај е постигнат договор.

„Оваа состојба е над Турција, исто и над Сирија и другите земји. Можеше да се случи катастрофална војна, и можеа да умрат милиони лица. Ние направивме тоа што можевме да направиме“, нагласи Трамп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.