свет

Средба Трамп - Путин во Хелсинки

Самитот се одржува во претседателската палата, а домаќин е финскиот претседател Саули Нинисто

Hasan Esen  | 16.07.2018 - Обновена : 16.07.2018
Средба Трамп - Путин во Хелсинки

Helsinki

ХЕЛСИНКИ (АА) - Во период на нарушени односи меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) и на интензивирани истраги против тврдењето дека Русија интервенирала врз изборите во САД, во главниот град на Финска, Хелсинки, започна Самитот меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).

Самитот, кој се одржува во претседателската палата и на кој домаќин е финскиот претседател Саули Нинисто, започна еден час подоцна поради доцнењето на рускиот претседател Путин. Околу 25 минути по Путин, во претседателската палата дојде и американскиот претседател Трамп.

По тет-а-тет средбата, двајцата лидери ќе учествуваат на работен ручек, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Самитот за кој се преземени опсежни безбедносни мерки, се очекува да трае четири часа, а се очекува дека на него ќе се разговара околу односите меѓу САД и Русија, тврдењето во врска со интервенцијата врз изборите во САД, Сирија, нуклеарното разоружување, воените активности на Русија во Украина, анексијата на Крим, а ќе се обрне внимание и на прашањата околу Северна Кореја.

„Односите со Русија никогаш не биле толку лоши како што се сега, благодарение на долгогодишната глупост на САД, и сега повторно поради ловот на вештерки“, изјави Трамп во утринските часови.

Руското Министерство за надворешни работи, како одговор на пораката на Трамп, во објава на официјалната страница на социјалните мрежи, напиша „Се согласуваме“.

Се вели дека Трамп, кој со изразот „лов на вештерки“ алудира на интервенцијата на Русија врз изборите во 2016 година во САД, има мали очекувања од Самитот.

Самитот се одржува во период на интензивирање на истрагата против интервенцијата на Русија врз изборите по подготвувањето на обвинителен акт за 12 вработени на руската Разузнавачка служба, и во време на нарушени односи на САД и нивниот традиционален сојузник Европа.

Трамп во една вчерашна изјава ЕУ ја опиша како „непријател“, а претходно истакна: „Не е непријател, туку противник“.

Зближувањето на Трамп со администрацијата на Москва предизвика критики во Европа. Трамп претходно изрази восхит од Путин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın