свет, Џамал Кашоги

Саудискиот новинар Џамал Кашоги наводно „задавен" во Конзулатот

Новинарот и колумнист на „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври, откако влегол во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

İdris Okuducu  | 20.10.2018 - Обновена : 21.10.2018
Саудискиот новинар Џамал Кашоги наводно „задавен" во Конзулатот

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Саудискиот новинар Џамал Кашоги наводно е „задавен" во саудискиот Конзулат во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Изворот од палатата на саудискиот крал за американскиот „Си-ен-ен“ (CNN) изјави дека Кашоги е убиен со давење. Сѐ уште не е доставен никаков доказ за причината за смртта.

Саудиска Арабија синоќа соопшти дека новинарот Кашоги починал по расправија во саудискиот Конзулат. Според наводите на саудиската државна телевизија, 18 државјани на Саудиска Арабија се приведени поради врска со смртта на Кашоги во Конзулатот на оваа држава во Истанбул.

Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври, откако влегол во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Кашоги е познат како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“ (Al Watan), кој претставува главна платформа на саудиските реформисти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın