свет, Коронавирус

Русија: Бројот на случаи со Ковид-19 надмина 892.000

- Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 15.001, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 892.654

Ali Cura  | 10.08.2020 - Обновена : 10.08.2020
Русија: Бројот на случаи со Ковид-19 надмина 892.000

МОСКВА

Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 15.001, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 892.654, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.118 нови случаи на заразеност, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 892.654.

Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 70 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 15.001.

Оздравеа уште 3.259 лицa, со што вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 696.681.

Во Русија направени се над 30 милиони и 800 илјади тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın