свет

Путин и Меркел разговараа за решавање на сириската криза

Рускиот претседател, Владимир Путин, телефонски разговараше со германската канцеларка, Ангела Меркел, и за кризата во Украина и за ситуацијата на глобалниот финансиски пазар

Ali Cura  | 19.09.2018 - Обновена : 20.09.2018
Путин и Меркел разговараа за решавање на сириската криза

Moskva

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, телефонски разговараше со германската канцеларка, Ангела Меркел, за решавање на сириското прашање, се соопштува од Кремљ, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се наведува дека Путин разговарал со Меркел за состанокот со турскиот колега, Реџеп Таип Ердоган, одржан во Сочи.

Путин и Меркел разговарале за стабилизација на ситуацијата во демилитаризираната зона во Идлиб, што ја договорија Русија и Турција.

Тие се осврнаа и на кризата во Украина и на ситуацијата на глобалниот финансиски пазар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.