свет, Коронавирус

Последните 24 часа во Франција од Ковид-19 починаа 418 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 3.024

Последните 24 часа во Франција од Ковид-19 починаа 418 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 3.024

Yusuf Özcan  | 30.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
Последните 24 часа во Франција од Ковид-19 починаа 418 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 3.024

ПАРИЗ

Од последиците на заразувањето со коронавирус во Франција во изминатите 24 часа починаа 418 заболени лица, со што вкупниот биланс во таа земја е зголемен на  3.024 смртни случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Жероме Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција, денес во Париз соопшти дека во изминатите 24 часа во таа земја се откриени 4.276 новозаразени, со што бројот на заразените со коронавирус е зголемен на 44.450 лица.

Тој информираше дека 5.056 заразени се во тешка состојба и дека се згрижени на одделите за интензивна нега, а излекувани се вкупно 7.924 пациенти.

Од последиците на зараза со новиот тип на коронавирусот во Франција во текот на изминатиот ден починаа рекорден број од 418 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е зголемен на 3.024.

Паралелно со тоа, поради пандемијата на Ковид-19 е одложен и престижниот автомобилски саем кој во Париз беше најавен за октомври оваа година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın