свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.290 лица, во Мексико 654, а во Индија 444 лицa

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.290 лицa вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 63.174 лицa

Muhammed Emin Canik, Emel Gözellik  | 04.07.2020 - Обновена : 04.07.2020
Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.290 лица, во Мексико 654, а во Индија 444 лицa

БУЕНОС АИРЕС

Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.290 лицa, во Мексико 654 лица, а во Индија 444 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.290 лицa вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 63.174 лицa.

Во земјата се откриени уште 42.223 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 1.539.081.

Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.

- Мексико

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 654 лица.

Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 29.843.

Во Мексико се откриени уште 6.740 нови случаи, додека вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 245.251.

Досега во земјата излекувани се 147.205 лица.

- Индија

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 444 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 18.669.

Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 22.721 случај со овој вирус.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 649.889.

Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 394.310 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın