свет, Infograhic

Нападната полиција во Мексико: 5 загинати, 2 ранети

- Во вооружен напад изведен врз полицијата во Мексико животот го загубија 5 полицајци, а 2 се ранети

Sinan Doğan  | 03.07.2020 - Обновена : 04.07.2020
Нападната полиција во Мексико: 5 загинати, 2 ранети

АНКАРА

Во вооружен напад изведен врз полицијата во Мексико животот го загубија 5 полицајци, а 2 се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во мексиканските медиуми, вооружени лица од комбе отвориле оган врз полициска патрола која се наоѓала на должност на патот во градот Апасео ел Алто во државата Гванахуато.

Во нападот што е изведен со автоматски пушки, животот го загубиле 5 полицајци, а 2 се ранети.

Напаѓачите избегале од местото на нападот, а ранетите полицајци се префрлени во болница.

Алвар Кабеса де Вака, секретар за безбедност на Гванахуато информираше дека во подрачјето е започната операција за откривање на напаѓачитеи додаде „Извршен е кукачички и предавнички напад врз нашите полицајци. За жал животот го загубија 5-мина претставници на безбедносните сили.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın