свет

Либија: Базата „Ватија“ беше нападната со авиони со напредна технологија што Хафтар не ги поседува

„Авионите што беа користени во воздушниот напад врз воздухопловната база „Ватија“ беа со напредна технологија, водачот на нелегитимните сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, не може да поседува такви авиони...“

Gülşen Topçu  | 07.07.2020 - Обновена : 07.07.2020
Либија: Базата „Ватија“ беше нападната со авиони со напредна технологија што Хафтар не ги поседува

ТРИПОЛИ (АА) - Министерството за одбрана на Либија соопшти дека авионите што биле користени во воздушниот напад врз воздухопловната база „Ватија“, на западниот дел од главниот град Триполи, се со напредна технологија и дека водачот на нелегитимните сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, не може да поседува такви авиони ако тоа не му го обезбеди некоја странска сила, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Селахадин Немруш, заменик-министер за одбрана на Либија, во изјавата за либискиот телевизиски канал „Ел Ахрар“ даде информации за нападот врз воздухопловната база „Ватија“.

„Авионите што беа користени во воздушниот напад врз воздухопловната база „Ватија“ беа со напредна технологија, водачот на нелегитимните сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, не може да поседува такви авиони ако тоа не му го обезбеди некоја странска сила“, нагласи Немруш.

Наведувајќи дека нападот ќе биде движечка сила за спасување на градовите Сирт и Ел-Џуфра, Немруш рече дека е зголемен бројот на странски војници платеници во земјата.

Тој исто така нагласи дека забележале дека авионите што носат муниција и војниците слетале во базата „Ел-Кардабије“ во Сирт.

Осврнувајќи се на односите меѓу Турција и Либија, Немруш рече дека посетата на турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, на Либија е јасна порака дека турската Влада континуирано ја поддржува легитимната Влада на Либија.

„Турција е на исто мислење со нас дека либиската Влада треба да ја одржува контролата над целата територија на земјата. Прекршувањата на милицијата на Хафтар во Тархуна, поставувањата мини во јужниот дел на Триполи, беа причина поддршката на Турција да биде зголемена“, нагласи Немруш.

Воздухопловната база „Ватија“ во саботата навечер беше нападната од воени авиони.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın