свет

Кина го повика Мајк Помпео да престане да шири „политички вирус"

Гласноговорникот на Министерството Цао Лициен говореше на прес-конференцијата во Пекинг и во таа пригода се осврна на последните изјави на Помпео за кинеската борба против коронавирусот, како и изјавите на тема системи на управување со земјата

Fuat Kabakcı  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Кина го повика Мајк Помпео да престане да шири „политички вирус"

АНКАРА

Министерството за надворешни работи на Кина критиките на американскиот државен секретар Мајк Помпео на сметка на оваа земја ги оцени како „лажни вести" и го повика шефот на американската дипломатија да ја „исправи својата грешка и да престане да шири политички вирус", јавува Агенција Анадолија (АА).

Гласноговорникот на Министерството Цао Лициен говореше на прес-конференцијата во Пекинг и во таа пригода се осврна на последните изјави на Помпео за кинеската борба против коронавирусот, како и изјавите на тема системи на управување со земјата.

Цао изјави дека Помпео без да престане говори дека би „создал лажни вести и клевети против Кина", порачувајќи дека „оваа ситуација ги открива идеите на Помео ориентирани на студената војна и идеолошката пристрасност".

„Лага е лага, дури и кога ќе се повтори илјада пати. Го повикуваме американскиот политича да ја исправи својата грешка и да престане да шири политички вирус за да спречи да стане предмет на исмејување на меѓународната заедница" порача Цао.+

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın