свет

Изложба на фотографии „Istanbul Photo Awards 2018“ во седиштето на ОН

Пријавувањето за натпреварувањето „Istanbul Photo Awards 2019“ ќе трае од 1 ноември 2018 година до 31 јануари 2019 година.

Betül Yürük  | 20.10.2018 - Обновена : 22.10.2018
Изложба на фотографии „Istanbul Photo Awards 2018“ во седиштето на ОН

New York

ЊУЈОРК (АА) - Во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на 22 октомври, понеделник, ќе бидат изложени фотографиите наградени на меѓународното натпреварување во фотографија „Istanbul Photo Awards 2018“, натпреварување кое по четврти пат го организира Anadolu Agency (AA).

Наградените фотографии од ова престижно натпреварување и оваа година ќе им бидат претставени на љубителите на фотографијата, кои ќе имаат можност да ги погледнат фотографиите од настаните што ја одбележаа минатата година.

На отворањето на изложбата, чиј домаќин е заменик-генералниот директор на АА, Мустафа Озкаја, ќе учествуваат, меѓу другите и претставници на бројни дипломатски претставништва и конзулати, но и претставници на националните и меѓународните медиуми.

Изложбата ќе биде отворена на 2 ноември.

Спонзори на натпреварувањето на кои се наградени 27 фоторепортери од 22 земји беа „Туркиш ерлајнс“ (THY), Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Град Истанбул.

За најдобра фотографија на годината е избрана емотивната фотографија „Дете“ на босанскиот фоторепортер Дамир Шагоља, која ја направил за „Ројтерс“ (Reuters) во текот на престојот во камповите на мјанмарските бегалци во Бангладеш, на која се гледа лик на мртво момче, чии очи се прекриени со лисја.

Првото место во категоријата „Серија вести“ го освои Кевин Фрејер, за серијата фотографии направени за „Гети имаџес“ (Getty Images).

Лукас Шулце ја доби првата награда во категоријата „Единечна фотографија од спортот“, со фотографијата насловена „Дали е пливач или риба?“, додека пак, во категоријата „Серија фотографии од спортот“, првонаграден е Павел Волков со серијата фотографии насловена како „Приказната за Талаи“, направени за весникот „Вечернаја Москва“ (Vechernaya Moskva Newspaper).

Мухамед Фатхил Асри, со фотографијата која ја направи за весникот „Њу стреитс тајмс“ (New Straits Times Press), ја доби првата награда во категоријата „Единечна фотографија од природата и животната средина“, а пак, Маркус Јам со серијата фотографии кои ги направи за „Лос Анџелес тајмс“ (Los Angeles Times), беше првонаграден во категоријата „Серија фотографии за природата и животната средина“.

Ендрју Меконел, со серијата фотографии кои ги направи за „Панос пикчрс“ (Panos Pictures), ја доби првата награда во категоријата „Серија портрети“, додека пак, рускиот фотограф Сергеј Строителев, стана победник во категоријата „Серија секојдневен живот“. 

Оваа година наградата „Млад фоторепортер“, за која конкурираа фоторепортери помлади од 28 години, ја доби фоторепортерот Езра Аџајан од Филипините.

Почесни награди добија Родриго Кабрита во категоријата „Серија фотографии за природата и животната средина“ и Анастасија Руденко во категоријата „Серија фотографии од секојдневјето“.

Сите наградени фотографии можат да бидат пронајдени на интернет-страницата www.istanbulphotoawards.com.

Пријавувањето за натпреварувањето „Istanbul Photo Awards 2019“ ќе трае од 1 ноември 2018 година до 31 јануари 2019 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın