свет

Европскиот парламент со зелено светло за преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Трговскиот комитет го разгледа барањето на Европската комисија за одобрение за вршење трговски преговори меѓу САД и ЕУ, со цел укинување на царините за индустриските производи

Ata Ufuk Şeker  | 19.02.2019 - Обновена : 19.02.2019
Европскиот парламент со зелено светло за преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Трговскиот комитет при Европскиот парламент го ратификуваше Нацрт-законот за започнување на преговорите за Трговскиот договор меѓу Европската Унија (ЕУ) и САД, со цел укинување на царините за индустриските производи, јавува Anadolu Agency (AA).

Трговскиот комитет го разгледа барањето на Европската комисија за одобрение за вршење трговски преговори меѓу САД и ЕУ, со цел укинување на царините за индустриските производи.

Членовите на Комитетот со 21 глас „за“ го ратификуваа Нацрт-законот за започнување на преговори за Трговскиот договор, додека 17 члена гласаа против.

Со цел комплетирање на Трговскиот договор, во Нацрт-законот се вклучени услови како САД да ги укинат царините за увезените алуминиум и челик, преговари за царините кои ќе бидат применети за автомобилите, земјоделските производи да бидат исклучени од преговорите, и за прекинување на преговорите во случај САД да применат нови царини.

Овој нацрт-закон се очекува во март да се гласа на Генералното собрание на Европскиот парламент.

Нацрт-законот не е правнообврзувачки, но по постигнатото усогласување во преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, Европскиот парламент треба да го одобри овој договор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın