свет

Во Бејрут започна Арапскиот економски самит

„Ние сме тука за да разговараме за деструктивните последици од војните врз економијата и врз развојот на нашите земји“

Ekipa  | 20.01.2019 - Обновена : 21.01.2019
Во Бејрут започна Арапскиот економски самит

Beirut

БЕЈРУТ (AA) - Денес во либанскиот главен град Бејрут започна Самитот за економски развој, јавува Anadolu Agency (AA).

Обраќајќи се на Самитот, либанскиот претседател Мишел Аун истакна дека неговата земја го презела целосниот товар од раселувањето на илјадниците Сиријци поради судирите во нивната земја.

„Бројот на сириските и палестинските бегалци сега е еднаков на половина од либанската популација“, рече тој.

Аун истакна дека целта на Економскиот самит во Бејрут не е да се бараат причините за судирите во арапскиот свет. „Ние сме тука за да разговараме за деструктивните последици од војните врз економијата и врз развојот на нашите земји“, рече тој.

Во организација на Арапската лига, на Самитот присуствуваат само тројца арапски лидери: либанскиот претседател, катарскиот шеик Тамим бин Хамад Ал Тани и Мухамед Оулд Абдел Азиз од Мавританија.

Повеќето арапски држави на Самитот се претставени од страна на делегации на амбасадорско ниво. Сирија, чие членство во Арапската лига е суспендирано од 2011 година и Либија не учествуваат на Самитот.

Последниот Арапски економски самит се одржа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, во 2013 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.