свет

Бајден по состанокот со Путин: „Мојата агенда не е против Русија"

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека на рускиот претседател Путин му изразил загриженост поради човековите права и дека тоа и понатаму ќе го прави

Dildar Baykan  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Бајден по состанокот со Путин: „Мојата агенда не е против Русија"

ВАШИНГТОН

Американскиот претседател Џо Бајден, по самитот со рускиот претседател Владимир Путин, одржан денес во Женева, рече дека и покрај разликите и несогласувањата, Русија и САД можат да работат заедно и да соработуваат во заеднички интерес, јавува Агенција Анадолија (АА).

Путин: „Конструктивен состанок со Бајден"

Укажувајќи ја важноста на дијалогот лице в лице, Бајден рече дека и Путин и тој се чувствуваат одговорни за „стабилен и предвидлив" однос.

Подвлекувајќи дека нема да се колеба да одговори на одредени акти кои ќе и наштетат на интересите на Соединетите Американски Држави (САД), Бајден потсети дека на Путин му рекол дека неговата агенда „не е против Русија или било која друга земја, туку за американскиот народ".

Напомена дека со Путин разговарале и за намалување на ризикот од непосакувани судири, Бајден рече дека се согласни за воспоставување на стратешкиот механизам за дијалог за стабилноста за да се спречи ширење на софистицирано оружје.

Како што рече, разговараа и за прашањето на кибернетичката безбедност.

„Реков дека одредени критични инфраструктури би требало да бидат забранети за кибер напади. Им дадовме листа, ако не се лажам, 16 компании беа дефинирани како критична инфраструктура. Се договоривме дека ќе именуваме експерти кои ќе работат на дефинирање на забранетите подрачја", појасни Бајден.

Истакна дека разговарале и за ситуацијата во Сирија. Укажа на важноста од формирање хуманитарен коридор. Смета дека е во интерес на двете земји Иран да нема нуклеарно оружје.

Бајден изјави дека би било во интерес на двете држави да се спречи повторна појава на тероризмот во Авганистан, додавајќи дека се разговарало и за заштита на украинскиот територијален интегритет и Белорусија.

Напоменувајќи дека состанокот, кој траеше 4,5 часа, помина во „позитивен тон", Бајден рече дека и покрај разликите и несогласувањата, Русија и САД би можеле заедно да работат во заеднички области.

Американскиот претседател Бајден рече дека на рускиот претседател Путин му изразил загриженост поради човековите права и дека тоа и понатаму ќе го прави.

Истакна дека неговите ставови за рускиот опозиционер Алексеј Навални не се променети.

Бајден рече дека на Путин отворено му рекол дека последиците од можна смрт на Навални во притвор би можеле да бидат погубни за Русија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.