свет

Азербејџан ја одбележа 29. годишнина од „црниот јануари“

Сметан како преродба на Република Азербејџан, „црниот јануари“ беше сведок на масакрот на 150 лица во Баку на 20 јануари 1990 година, во очи на независноста на земјата

Ahmet Salih Alacacı  | 20.01.2019 - Обновена : 21.01.2019
Азербејџан ја одбележа 29. годишнина од „црниот јануари“ Resul Rehimov/AA

Baku

БАКУ (АА) - Азербејџанците денес излегоа нa „Алејата на загинатите“ во главниот град Баку за да ја одбележат 29-годишнината од „црниот јануари“, во сеќавање на загинатите во немирите по повод распадот на Советскиот Сојуз, јавува Anadolu Agency (AA).

Сметан како преродба на Република Азербејџан, „црниот јануари“ беше сведок на масакрот на 150 лица во Баку на 20 јануари 1990 година, во очи на независноста на земјата.

Претседателот Илхам Алијев и други високи државни функционери го посетија Споменикот на загинатите. На церемонијата беше изведена националната химна на Азербејџан, а Алијев положи венец на Споменикот на вечниот пламен.

По официјалната церемонија, илјадници Азербејџанци им оддадоа почит на жртвите од масакрот, оставија црвени каранфили на нивните гробови и им оддадоа почит на загинатите со едноминутно молчење.

На комеморацијата присуствуваа и турскиот амбасадор во Баку, Еркан Озорал, вработени во Амбасадата и претставници на турските институции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.