свет

„Њујорк тајмс“ објави видео за убиството на Кашоги

Во видеозаписот кој хронолошки го изнесува бруталното убиство на Кашоги, наведено е дека 15-члениот тим, кој за убиството стигнал од Саудиска Арабија во Истанбул, му поставил замка на Кашоги.

Kemal Karadağ  | 17.11.2018 - Обновена : 18.11.2018
„Њујорк тајмс“ објави видео за убиството на Кашоги

Ankara

АНКАРА (AA) - Американскиот весник „Њујорк тајмс“ (New York Times) на интернет-страницата објави видеозапис кој содржи детали за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).

Во видеозаписот кој хронолошки го изнесува бруталното убиство на Кашоги, наведено е дека 15-члениот тим, кој за убиството стигнал од Саудиска Арабија во Истанбул, му поставил замка на Кашоги.

Нагласено е дека Кашоги бил едно од имињата кои ја критикувале саудиската власт и престолонаследникот Мухамед бин Селман. Исто така, истакнато е и дека турските медиуми по убиството споделиле докази кои укажуваат на вмешаност на саудиските функционери во овој случај.

Во видеозаписот можат да се видат фотографии и снимки на 15 лица поврзани со убиството, а за некои од нив се истакнува дека се поврзани со принцот Бин Селман.

Меѓу другото, се наведува дека станува збор за убиство со предумисла, односно дека Кашоги е нападнат по влегувањето во зградата на Конзулатот во Истанбул.

Во видеозаписот е истакнато дека лидер во акцијата на убиството на Кашоги бил саудискиот безбедносен функционер Махир Абдулазиз Мутреб. Тој, како што се наведува, откако убиството било извршено, имал телефонски разговор во кој на лицето од другата страна на телефонот му рекол: „Кажи му на шефот, работата е завршена.“

Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), убиен е на 2 октомври во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул. Турското обвинителство откри дека Кашоги е задавен веднаш по влегувањето во Конзулатот, а дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.

Властите на Саудиска Арабија потоа признаа дека Кашоги е убиен, а не дека го напуштил Конзулатот, како што првобитно тврдеа. Истрагата за случајот и понатаму е во тек, со акцент на потрага за посмртните останки на Кашоги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın