свет

„Ставете се во позиција на Турција на само пет минути“

Министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсл, повика на емпатија со Турција, и порача дека секој треба да се стави во позиција на Турција на барем пет минути

Erbil Başay  | 23.05.2018 - Обновена : 24.05.2018
„Ставете се во позиција на Турција на само пет минути“

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсл, повика на емпатија со Турција, и порача дека секој треба да се стави во позиција на Турција на барем пет минути, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кнајсл во интервју за „DieWelt“ говореше за последната средба со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, и притоа истакна дека со него имала многу квалитетен разговор. Кнајсл нагласи дека колегата Чавушоглу го цени поради фактот што е сериозен човек и заинтересиран за разговори кои можат да овозможат да се направи чекор напред.

По состанокот со Чавушоглу, Кнајсл изјави дека австриските археолози повторно ќе започнат да работат на ископините во турскиот Ефес, а тоа е, според неа, уште еден показател дека е подобрена атмосферата во билатералните односи. Кнајсл порача дека верува оти во односите со Турција не постои безизлезна ситуација.

Сепак, таа нагласува дека повторното воспоставување на односите помеѓу Турција и ЕУ е можно со промена на многу нешта во Турција.

„Турција е сè уште многу важна за ЕУ и ние сакаме заедно квалитетно да соработуваме“, смета Кнајсл.

Таа потсети на борбата против тероризмот што ја води Турција, како и на фактот што оваа земја се соочува со голем број терористички напади.

„Настрана сите критики, ќе мора себеси да се ставите на местото на Турција на само пет минути. Да не заборавиме што му направија на тамошното општество бројните терористички напади. По сето тоа, луѓето таму стануваат на нозе и ѝ се враќаат на работата. Затоа, ја изразувам мојата длабока почит“, рече Кнајсл.

Австриската министерка, исто така, се осврна и на земјите од Балканот и порача дека ЕУ во последниве години ја запостави Југоисточна Европа, и дека Русија, Кина, Турција и земјите од Персискиот Залив ја пополнија таа празнина. Констатираше дека балканските земји треба повторно да се приближат до ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın