свет

„Источно од Еуфрат не смее да биде ЈПГ, тоа подрачје треба да го обезбедува Турција“

Турскиот министер Акар, на маргините на Минхенската конференција за безбедност, имаше одделни средби високи американски претставници

Sarp Özer  | 17.02.2019 - Обновена : 17.02.2019
„Источно од Еуфрат не смее да биде ЈПГ, тоа подрачје треба да го обезбедува Турција“

Minhen

МИНХЕН (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, денеска во Минхен изјави дека во безбедносната зона, која ќе биде формирана на источната страна на реката Еуфрат, не смее да има терористи на ЈПГ, и дека тоа подрачје треба да го обезбедува Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Акар, на маргините на Минхенската конференција за безбедност имаше одделни средби со пратеникот на министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), Патрик Шанахан, со специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џефри, и со одредени американски сенатори. 

Средба на Акар со специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џефри

Теми на разговорите на Акар со американските претставници била терористичката организација ПКК/ЈПГ, која е најголемата пречка во односите меѓу Турција и САД. 

Акар за време на средбите истакна дека ПКК/ЈПГ е терористичка организација, и дека како таква не е, и не може да биде претставник на курдскиот народ. 

Средба на Акар со со пратеникот на министерот за одбрана на САД, Патрик Шанахан

„Курдите се наши браќа. Нашата единствена цел се терористите. Поединци, Курдите ги поистоветуваат со ПКК. Тоа е погрешно. Терористите на ПКК не ги претставуваат нашите браќа Курди. Она што не смее да се заборави е дека меѓу ПКК и ЈПГ нема никаква разлика. Поради тоа, за безбедноста на нашите граници и на народот, многу е значајно од подрачјето да се отстранат елементите на терористичката организација ЈПГ. Во безбедносната зона која ќе се формира во должина од 440 километри на источната страна на Еуфрат, не смее да има терористи на ЈПГ, и тоа подрачје треба да го обезбедува Турција“, рече Акар. 

Тој нагласи и дека Турција никогаш нема да дозволи формирање терористички коридор долж нејзините јужни граници. 

Во врска со тврдењата дека Турција се оддалечила од Западот, Акар рече дека тоа не е точно, нагласувајќи дека Турција ги извршува сите обврски и должности на кои се обврзала, особено во рамките на НАТО.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın